Обуки Штрк

Развојниот скок е период на интензивен ментален развој што го доживува вашето бебе.

Овие периоди на “скокови” се придружени со развојни промени во мозокот на детето, што води до нови вештини и способности.

Во литературата препознаени се 10 скокови во развој во првите 20 месеци од животот на детето.

Временската предвидливост според датумот на раѓање на скоковите им овозможува на родителите да ги препознаат знаците на возмемиреност и преку активности да му помогнат на детето полесно да се справи со големите промени кои им се случуваат.

Секој скок се дели во две фази: растревоженост и вештини.

Секој од овие скокови во развој е важен чекор во животот на детето. За родителите, препознавањето на сигналите и вештините може да им помогне да ги разберат и поддржат своите деца за време на овие преодни периоди.

Секое бебе се развива на свој начин и самостојно одлучува што сака да развие.

Секој скок во развој не е само техничка промена во вештините или способностите, туку и уште една страничка во книгата која го разкажува единствениот карактер на вашето дете.