Обуки Штрк

Ние веруваме во родителство со љубов, знаење и свесност.

ШТРК

НАШИТЕ ПОЧЕТОЦИ

Како започна Штрк?

Нашата идеја се роди од лично искуство кое го имаме во користењето на различни фејсбук групи и форуми каде што луѓето објавуваат производи за продажба или подарок. Станува збор за фреквентно неорганизиран и недостапен процес, што не придонесува до искуството на корисниците.

Мисија

Сакаме секое семејство да има пристап до висококвалитетни производи без прекумерни трошоци. Истовремено, сметаме дека нашата платформа може да биде погодна за сите луѓе кои сакаат да донираат свои неискористени производи на онлајн заедницата.

Вредности

Купувањето на second hand облека и опрема за деца е одличен начин да допринесете за одржувањето на околината. Прекумерното производство и фрлање на облека создава голем еколошки отпечаток. Кога купувате second hand, го поддржувате рециклирањето и ги намалувате отпадните производи.